Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, објави дека концертот за најмладите, на кој настапија Јанг Дади и дуото „Стела и Сани“, бил голем успех.
Герасимовски истакна дека „радоста што ја видовме синоќа кај најмладите е најубавата потврда дека нашите настани ја имаат вистинската цел“.
Атмосферата кулминирала кога децата се качиле на сцената и пееле и играле заедно со изведувачите.
Градоначалникот им се заблагодари на сите скопјани кои присуствувале на настанот и нагласи дека општината продолжува да вложува во културата и во квалитетни програми за сите генерации, а особено за децата.