Центар прогласи криза со сметот: Герасимовски одржа итен состанок на Штабот за заштита и спасување

Актуелниот градоначалник и кандидат за градоначалник на Општина Центар од СДСМ, Горан Герасимовски, информираше дека одржува итен состанок на Штабот за заштита и спасување, со цел да донесат одлуки за справување со еколошката и здравствена криза предизвикана од насобраниот отпад во градот.

​Герасимовски истакна дека Град Скопје се соочува со сериозна еколошка криза, а целиот град е затрупан со отпад, што веќе претставува не само хигиенски, туку и здравствен и епидемиолошки проблем.

​„Оваа состојба е крајно алармантна! Не може и нема да чекаме некој друг да го реши проблемот“, порача Герасимовски.

​Тој најави дека се прави мобилизација на сите служби и ресурси што ги има општината, како и на Општинското претпријатие за чистење (ПОЦ), со цел итно да се преземе акција за расчистување на сметот.