Црна Гора може да стане членка на ЕУ до 2028 година, изјави еврокомесарката Марта Кос

Европската комесарка за проширување, Марта Кос, на Бледскиот стратешки форум изјави дека Црна Гора би можела да стане прва следна членка на Европската Унија, со потенцијален влез до 2028 година.

​„Процесот на проширување денес е некој вид на обединување на Европа, какво што сме немале во историјата“, истакна Кос. Таа нагласи дека проширувањето на ЕУ не е само зголемување на територијата и бројот на жители, туку и заштита од надворешни влијанија.

​„Со Црна Гора напредуваме и ако во 2026 година го завршиме техничкиот дел од преговорите, можно е во 2028 година Црна Гора да стане 28-ма членка на Европска Унија“, посочи Кос, додавајќи дека Албанија би можела да стане членка на ЕУ во 2029 година.

​Во меѓувреме, премиерот на Словенија, Роберт Голоб, ги повика земјите од Западен Балкан да го искористат „отворениот прозорец“ за влез во Унијата, кој, според него, е отворен поради војната во Украина.