Во последните 24 часа, на територијата на државата се евидентирани вкупно 33 пожари на отворен простор, од кои 29 се ликвидирани, два се ставени под контрола, а два сè уште се активни, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Активни се пожарите во:
- Липково: во селото Никуштак.
- Студеничани: во близина на селата Варвара и Драчевица, каде гори мешана шума и ниска вегетација.
Под контрола се пожарите во:
- Берово: во месноста Стојковото кај селото Русиново, каде гореше дабова и букова шума.
- Гази Баба: на депонијата Вардариште.
ЦУК информира дека во скопскиот регион се изгаснати пожарите во Ѓорче Петров, Гази Баба, Сопиште и Сарај. Пожари се регистрирани и во уште 14 општини низ државата, но и тие се успешно ликвидирани.