Челзи е сериозно заинтересиран за аргентинскиот фудбалер Алехандро Гарначо, кој исто така сака да се пресели на „Стемфорд Бриџ“. Сепак, преговорите меѓу двата клуба засега се отежнати, бидејќи Манчестер Јунајтед бара директна парична компензација.
За да го добие Гарначо, Челзи на Јунајтед им понуди еден од следните четворица играчи: Кристофер Енкунку, Николас Џексон, Аксел Дисаси или Ренато Веига. Сепак, од „Олд Трафорд“ ја одбија оваа понуда.
Манчестер Јунајтед постави јасна цена за Гарначо од 50 милиони фунти (околу 58 милиони евра) и не сака да ги намали своите барања. Според медиумите, причината е што на клубот му се потребни пари за да ги засили средниот ред и голманската позиција, каде се шпекулира дека може да дојде Џанлуиџи Донарума.
Челзи, од друга страна, сака да ги донесе и Гарначо и Џави Симонс, но за да ги реализира овие трансфери, прво треба да ги продаде гореспоменатите фудбалери.
Преговорите продолжуваат, а Гарначо и Симонс веќе се договориле со Челзи и со нетрпение го очекуваат исходот од преговорите меѓу клубовите.