Вчера во Скопје се одржа четвртата годишна Конференција за соларна енергија, во организација на Македонското здружение за соларна енергија.
Настанот ги собра водечките експерти, инвеститори, претставници на институциите и бизнис-секторот за да дискутираат за најновите трендови и развојот во областа.
Во рамки на конференцијата, компаниите Smart Solar и Smart Solar Technologies ги претставија своите патентирани и ултра-технолошки решенија, вклучувајќи:
- Системи за тракери (tracker systems)
- Квалитетни соларни панели Tier 1
Овие решенија се наменети значително да ја подобрат ефикасноста и квалитетот на соларните системи.