Чупетрески се откажа од платата: Ќе ги донирам сите надоместоци за хуманитарни цели

Независниот кандидат за градоначалник на Општина Прилеп, Борче Чупетрески, денеска јавно објави писмена изјава заверена кај нотар, со која официјално се откажува од платата и сите надоместоци кои законски му следуваат доколку биде избран на функцијата градоначалник.

​„Мене со пари не ме купувате… Како човек на морал и принципи, изјавувам дека нема да работам за народни пари. Истите ќе ги донирам во хуманитарни цели – за општествено добро“, е наведено во изјавата на Чупетрески.

​Тој, воедно, ги повика и прилепските пратеници во Собранието да се откажат од своите плати, патни трошоци и додатоци – „за доброто на граѓаните и на оние на кои им е навистина неопходна финансиска помош“.