Полицијата од СВР Скопје лиши од слобода шест лица по вчерашната физичка пресметка што се случи пред угостителски објект на улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје.
Инцидентот се случил на 09/10.10.2025 околу 20:00 часот, кога бил нарушен јавниот ред и мир меѓу две групи лица, кои претходно биле во угостителскиот објект.
Лишени од слобода се: С.С. (23), М.З. (24), А.Ѓ. (42), И.М. (33), М.З. (55) и Б.Р. (29), сите од Скопје. Тие се пресметале со А.М. (40), Т.Д. (41) и М.Е. (45).
Од СВР Скопје информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, по што ќе бидат поднесени соодветни поднесоци до надлежните органи.