Шкендија ќе игра против Лудогорец во плеј-офот на Лига Европа

Откако вечерва беше елиминирана од квалификациите за Лигата на шампионите по тешкиот пораз од Карабах, македонскиот шампион Шкендија го дозна својот ривал во плеј-офот на Лига Европа. Тоа е бугарскиот Лудогорец, кој пак беше елиминиран од Ференцварош.

​Првиот натпревар меѓу Шкендија и Лудогорец ќе се одигра на 21 август на Националната арена во Скопје, додека реваншот е закажан за 28 август во Бугарија.

​За Шкендија ова е четврто учество во плеј-офот на Лига Европа, каде што досега беше елиминирана од Гент, Милан и Розенборг.

​Без разлика на исходот од двомечот, тетовци веќе обезбедија настап во групната фаза на Лигата на конференции. Со пласманот во плеј-офот на Лига Европа, Шкендија веќе заработи околу 6 милиони евра.