Актуелниот европски првак, Шпанија, го заврши своето учество на Европското првенство по поразот од Грција со 90:86 во драматичен натпревар одигран во Лимасол. И покрај тоа што Грците во еден момент имаа предност од 16 поени, Шпанија успеа да се врати, но на крајот се „самоуништи“ од линијата за слободни фрлања.
Неверојатно, во последните 17 секунди, шпанските кошаркари реализираа само две од осумте слободни фрлања, што беше клучно за конечниот исход.
Победата на Грција ја однесе Грузија во нокаут фазата, благодарение на подобриот меѓусебен скор со Шпанија, која Грузија ја победи во првото коло.
Најефикасни во составот на Грција беа Јанис Антетокунмпо со 25 поени, 14 скока и 9 асистенции, и Тајлер Дорси со 22 поени. Кај Шпанците, поените беа поделени меѓу Хаиме Прадиља (14), Марио Сан-Супери (13) и Санти Алдама (12).
Осминафинални двојки
6 септември:
- Литванија – Латвија
- Турција – Шведска
- Германија – Португалија
- Србија – Финска
7 септември:
- Грција – Израел
- Полска – Босна и Херцеговина
- Италија – Словенија
- Франција – Грузија