Државните службеници во Грција денеска стапија во 24-часовен штрајк на повик на Синдикалната федерација на државните службеници (АДЕДИ). Главната причина за протестот е новиот нацрт-закон за труд, кој предвидува воведување 13-часовен работен ден и други неповолни измени, објави весникот „Катимерини“.
Штрајкот се одржува помалку од две недели откако на 1 октомври веќе беше одржан национален штрајк против истото трудово законодавство.
АДЕДИ бара враќање на 13-та и 14-та плата, значително зголемување на платите, потпишување колективни договори и укинување на новиот дисциплински закон.
Штрајкот предизвика значителни нарушувања во јавниот транспорт во Атина и низ целата земја:
Атински градски транспорт (метро и трамвај) ќе сообраќаат со прекин на почетокот и крајот на работниот ден, односно од 9:00 до 17:00 часот.
Автобуси и тролејбус ќе сообраќаат од 9:00 до 21:00 часот.
Возовите нема да сообраќаат денеска низ целата земја, бидејќи и железничките работници се приклучија на штрајкот.
Главниот протестен марш во Атина е закажан за 11:00 часот на централниот плоштад Синтагма.