Шукова и Митовски: Скопје добива Конгресен центар и нов Саем

Кандидатката за градоначалник на Град Скопје од СДСМ, Каја Шукова, и кандидатот за градоначалник на Општина Гази Баба, Влатко Митовски, ја претставија својата визија за значајна урбана трансформација на Градот и општината.

​Шукова истакна дека целта е Скопје да се развива паметно, плански и храбро, со јасни цели за модерен, поврзан и функционален град.

​Во фокусот на градската визија се два големи проекти кои ќе го позиционираат Скопје на меѓународната мапа:

​Модерен Конгресен центар: Овој центар, според Шукова, е економски, туристички и културен ресурс кој ќе го отвори Скопје кон светот.

​„Со Конгресниот центар, Скопје може да биде домаќин на големи меѓународни конференции, научни и професионални собири и културни настани. Тоа значи дека Скопје нема да губи настани и инвестиции,“ нагласи Шукова.

​Нов Скопски Саем (во Гази Баба): Саемот ќе биде трансформиран во регионален центар за иновации, туризам и домашна индустрија.

​Ќе има модуларни хали, конференциски сали, комерцијални содржини и простор за мали и средни претпријатија. Овој проект, вели Шукова, отвора нови пазари и создава услови младите да останат и да работат во Скопје.

​Кандидатот за градоначалник на Гази Баба, Влатко Митовски, најави план за промена на изгледот и квалитетот на живот во општината, со цел таа да добие европски стандарди.

​Инфраструктурни и комунални решенија:

​Изградба на современа претоварна станица за шут и кабаст отпад, со цел подобрување на хигиената.

​Изградба на нов мост што ќе ги поврзе Гази Баба и Аеродром.

​Ново сообраќајно решение за директна врска меѓу Хиподром и Инџиково со автопатот.

​Реализација на кружен тек на улицата „Благоја Стефковски“ со улицата Маџари.

​Проширување и целосна реконструкција на улицата „Перо Наков“.

​Општински и социјални проекти:

​Изградба на нова општинска зграда за подобри и побрзи услуги за граѓаните.

​Изградба на нови градинки во Сингелиќ и Хиподром 2.

​Реконструкција на културниот дом во Нова Колонија.

​Митовски порача дека нивната решеност е Гази Баба да стане чиста, уредна и модерна општина по европски стандарди.