Кандидатката за градоначалничка на Град Скопје од СДСМ, Каја Шукова, денеска положи цвеќе пред споменикот на борците, по повод 84 години од формирањето на Првиот партизански одред.
Шукова истакна дека борбата за правда и достоинство продолжува и денес, критикувајќи ја актуелната власт дека немала ниту време, ниту волја за достоинствен однос кон борците.
Таа јавно вети дека ќе работи на обновување и зачувување на спомен-обележјата од војната.
„Борбата на нашите борци беше тешка бидејќи идеал беше слободата. Нашата е за вредности. Но заедно можеме да се избориме – Скопје, градот на солидарноста повторно да биде град на достоинство“, изјави Шукова.