Шукова од Гази Баба: Вардариште од дива депонија ќе стане модерен центар за управување со отпад

Кандидатката за градоначалничка на Град Скопје, Каја Шукова, на средба со граѓаните на Гази Баба, остро ја критикуваше актуелната власт на ВМРО-ДПМНЕ за „криминално запоставување на јавното здравје“ преку негрижа за дивите депонии и еколошките закани.

​Шукова истакна дека Вардариште е најгласниот симбол на четиригодишната рамнодушност, нагласувајќи дека повеќе од 150.000 скопјани живеат во сенката на депонијата која секојдневно загадува и труе.

​„Тоа не е судбина, тоа е резултат на неспособна и незаинтересирана власт. Наместо решение, граѓаните добиваат молк, занемарување и институционално криење зад политички интереси,“ изјави Шукова.

​Шукова најави структуриран план, со експертска поддршка и европски стандарди, чија реализација ќе започне од првиот ден:

  1. ​Итно оградување и физичко обезбедување на Вардариште.
  2. ​24-часовен надзор и пристап само за овластени служби.

​Како долгорочно решение, Шукова најави селекција, преработка и пренос на отпадот до Дрисла, со нула загадување на воздух, почва и подземни води.

​Таа потенцираше дека Вардариште е директна обврска на Град Скопје според Законот за управување со отпад, обврска која четири години била игнорирана. Шукова заклучи дека нејзината визија е Скопје да се врати на патот на европските вредности, каде здравјето и квалитетот на живот ќе бидат приоритет, а не колатерална штета на неспособноста.