Новак Ѓоковиќ се пласираше во третото коло на Отвореното првенство на САД, откако го победи квалификантот Закаријас Сваида со резултат 6:7 (5:7), 6:3, 6:3, 6:1. Натпреварот траеше два и пол часа на стадионот „Артур Еш“.
Иако не играше на своето највисоко ниво, Ѓоковиќ успеа да го пронајде вистинскиот ритам по загубениот прв сет и рутински да го добие натпреварот.
„Да бидам искрен, не беше баш најдобро. Не играв најдобар тенис од самиот почеток“, изјави Ѓоковиќ по мечот, честитајќи му на противникот за висококвалитетната игра.
Во следното коло, Ѓоковиќ ќе се соочи со победникот од дуелот меѓу Камерон Нори и Франциско Комесања.