Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Орце Ѓорѓиевски, по средбата со доктори од Клиничкиот центар, директори и професори од Медицинскиот факултет, најави брзо решавање на проблемите во околината на Клиничкиот центар.
Ѓорѓиевски истакна дека на средбата искрено дискутирале за предизвиците, при што како најголем проблем бил истакнат хаосот со паркирањето во околината на Клиничкиот центар.
Тој најави конкретни чекори веднаш по преземањето на функцијата:
- Регулирање на состојбата со паркирањето во околината на Клиничкиот центар.
- Хортикултурно уредување на дворот на Клиничкиот центар.
- Изградба на потпорен ѕид кај Детската клиника.
„Заедно ќе изградиме достоинствено, современо и хумано Скопје, град со кој сите ќе се гордееме!“, порача Ѓорѓиевски, заблагодарувајќи се за поддршката и довербата.