Ѓорѓиевски најави институционална поддршка за РК Вардар од јануари

Кандидатот за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, најави дека ракометниот клуб Вардар ќе добие сериозна институционална поддршка од Градот, која ќе започне од јануари следната година.

​Ѓорѓиевски, кој најави дека во него секогаш ќе имаат партнер и пријател, истакна дека Вардар е симбол на спортската традиција на Скопје и цела Македонија.

​Тој додаде дека градот „ќе стои цврсто зад клубот“ за да може Вардар да продолжи достоинствено да ги брани боите на државата на меѓународната ракометна сцена.

​„Да живее Вардар и Скопје! Честитки момци и благодарам на честа!,“ изјави Ѓорѓиевски.