Кандидатот за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, оствари средба со директорот на фондацијата „Конрад Аденауер Штифтунг“ (КАС) во Македонија, Даниел Браун, и со стипендисти на фондацијата.
Според Ѓорѓиевски, дебатата била плодна, а тема на разговор биле претстојните локални избори и неговата визија за Скопје. Тој ги истакна како „исклучително зрели и вредни за внимание“ идеите и предлозите на младите, нагласувајќи дека тие се носители на иднината.
Ѓорѓиевски ја изрази својата благодарност до фондацијата КАС за можноста и за нивниот голем придонес во создавањето на подобра иднина за земјата.