Кандидатот за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, објави дека е на терен и лично учествува во напорите за гаснење на пожарот кој го зафати градот.
Тој истакна дека заедно со своите колеги Бобан и Дејан, како и со екипите на Противпожарната служба и МВР, даваат сè од себе за да ја стават ситуацијата под контрола. Ѓорѓиевски информираше дека се ангажирани и општествено одговорни компании кои помагаат со механизација и песок.
Ѓорѓиевски го нарече пожарот „злосторство против народот“ и изјави дека „некој си игра со нашето трпение и здравје“.
Тој упати апел до сите надлежни институции да постапат итно и безмилосно, нагласувајќи дека граѓаните на Скопје не смеат да се гушат во чад и отров. Ѓорѓиевски вети дека ќе остане на терен сè додека пожарот не биде целосно изгаснат.