Градоначалникот на Општина Кисела Вода и кандидат за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, денеска се сретна со претставници на Здружението за заштита на животни „Анима Мунди“, новинарката Мери Јордановска, Ирена Ристиќ и волонтери.
Главна тема на средбата било хуманото справување со проблемот на бездомните животни, со цел да се зголеми безбедноста на граѓаните во Скопје.
Предлози за решавање на проблемот
На состанокот биле разгледани неколку идеи:
- Подобрување на условите во прифатилиштата.
- Контролирање на популацијата на бездомни животни преку чипирање и стерилизација.
- Поттикнување на вдомувањето.
- Едукација и подигање на свеста кај граѓаните за одговорно сопствеништво.
„Верувам дека заедно можеме да создадеме Скопје кое ќе биде пример за хуманост, град во кој граѓаните ќе се чувствуваат безбедно, а секое куче ќе има право на достоинствен живот“, изјави Ѓорѓиевски.