Јавна дискусија за новиот ГУП на Скопје: Граѓаните од Ѓорче Петров повикани да се вклучат

Градот Скопје организира јавна дискусија за изработката на новиот Генерален урбанистички план (ГУП) 2022–2032, со цел да ги вклучи граѓаните во процесот на планирање и уредување на просторот.

​Дискусијата за градските четврти во Општина Ѓорче Петров ќе се одржи на 15 август, во салата на Град Скопје (барака 13). За секоја четврт е предвиден посебен термин:

  • ​Градска четврт СЗ 20: од 9 до 10 часот
  • ​Градска четврт СЗ 21: од 10 до 11 часот
  • ​Градска четврт СЗ 24: од 11 до 12 часот
  • ​Градска четврт СЗ 25: од 12 до 13 часот

​Граѓаните можат да дадат свои предлози, мислења и забелешки директно за време на дискусијата. Дополнително, можат да ги достават и писмено, во архивата на Град Скопје (барака 16), или по електронски пат на адресата gup@skopje.gov.mk.

​Градот Скопје ги повикува сите заинтересирани граѓани и претставници на заедницата да се вклучат во овој процес од јавен интерес.