Градоначалникот на општина Карпош, Стевче Јакимовски, остро ја критикува актуелната власт во врска со организацијата на Европските младински олимписки игри, споредувајќи ја со поддршката што ја добиле спортските настани за време на претходната влада.
Јакимовски потсети на 2017 година кога во Скопје се одржа Суперкупот на УЕФА, посочувајќи дека тогашната влада, иако формално не беше организатор на настанот, сепак дала силна институционална поддршка.
– Тогаш дадовме писмени и финансиски гаранции до УЕФА дека сите високи стандарди на европската фудбалска федерација ќе бидат исполнети. И покрај смената на власта во тој период, не дозволивме државата да биде избрукана, изјави Јакимовски.
Тој ја повика јавноста да направи разлика меѓу, како што рече, одговорна и неодговорна власт.