Кандидатот за градоначалник на Карпош, Стевчо Јакимовски, во своето излагање ги повика граѓаните кои размислуваат самостојно да му ја дадат својата поддршка. Тој ја критикуваше политичката послушност, нагласувајќи дека луѓето со партиска послушност живеат од туѓа покорност.
„Стравот од слободен човек е најголемиот страв на секој што живее од туѓа покорност. Тоа се луѓе кои сакаат сите да слушаат, а никој да не размислува,“ рече Јакимовски.
Тој јасно дефинираше од кого очекува поддршка на овие локални избори:
- „Од сите што не се робови на партиски наредби,“
- „Од сите што мислат со своја глава,“
- „Од сите што се уморни од послушност и затнати уши.“
Јакимовски како навреда за народот ја истакна изреката: „Не ме гледај што правам, слушај ме што зборувам“ и цитатот „магаре да ставиме, магарето ќе го изгласаат.“
На крајот, тој порача: „Во Карпош живеат луѓе со достоинство. И тие ќе си го кажат зборот.“