Актуелниот градоначалник на општина Карпош, Стевче Јакимовски, официјално ја објави својата кандидатура за нов мандат на претстојните локални избори.
Јакимовски изјави дека долго размислувал, но се решил да се кандидира бидејќи, според него, досега немало доволно силна понуда од другите кандидати. Втора причина за неговата одлука е тоа што верува дека во општинскиот Совет тешко ќе се постигне мнозинство, па затоа е потребен искусен градоначалник.
Како клучни приоритети во својот нов мандат, Јакимовски најави дека ќе се фокусира на решавање на проблемот со паркирањето и на спречување на нелегалните надградби на индивидуални куќи во мали станбени објекти.