Јон Дал Томасон сменет од селекторската позиција на Шведска

Јон Дал Томасон е сменет од селекторската позиција на фудбалската репрезентација на Шведска, соопшти денеска Фудбалската федерација на Шведска (ФФШ).

​Одлуката е донесена поради „слабите резултати во квалификациите за Светското првенство 2026“.

​„Управниот одбор на ФФШ донесе одлука да го прекине мандатот на Томасон како селектор на фудбалската репрезентација,“ стои во објавата на официјалниот сајт на федерацијата.

​Томасон ја предводеше шведската репрезентација од февруари 2024 година, но не успеа да оствари позитивен резултат во квалификацискиот циклус.

​Шведска е последна во групата Б.

​Имаат освоено само еден бод од четири одиграни дуели.

​Синоќа, Шведска претрпе пораз на домашен терен од Косово со 1:0.