​ЈП „Дрисла“: Депонијата е санитарна, согорувањето е намерно и политички мотивирано

​ЈП „Дрисла“ – Скопје денеска излезе со соопштение во кое тврди дека нивната депонија е единствена санитарна и лиценцирана, и дека од 2022 година не согорува отпад, туку го стерилизира и компримира со автоклав, со што нема можност за загадување.

​Претпријатието тврди дека сите нивни активности се спроведуваат во согласност со техничките и законските прописи, со цел заштита на животната средина и здравјето на луѓето.

​Оттаму апелираат до Министерството за внатрешни работи итно да спроведе истрага за да ги пронајде и санкционира лицата што ги потпалуваат пожарите. Во соопштението се изразува сомнеж дека пожарите се политички мотивирани и дека нивната цел е „дефокусирање од реалните проблеми“.

​„Депонија ‘Дрисла’ без вакви намерни инциденти нема никаков потенцијал за загадување и работи според највисоки стандарди“, се вели во соопштението.