​ЈП ПОЦ отстрани 132 непрописно паркирани возила за една недела

Јавното претпријатие „Паркинзи на Општина Центар“ (ПОЦ), во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје, во периодот од 1 до 7 септември 2025 година, отстранило 132 непрописно паркирани возила.

​Отстранувањето е извршено со специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ, а целта е да се овозможи нормално и безбедно одвивање на сообраќајот.

​ЈП ПОЦ и Општина Центар најавуваат дека ќе продолжат со оваа мерка. Воедно, апелираат до граѓаните да ги почитуваат правилата и да ги паркираат своите возила само на пропишаните места, со што ќе им се овозможи слободно движење на пешаците и велосипедистите.