Јувентус во ќорсокак, без трансфери додека не се ослободи од тројца фудбалери

Славниот италијански гигант Јувентус се соочува со сериозни пречки во тековниот преоден рок. Според пишувањата на „Газета дело Спорт“, клубот од Торино нема да може да продолжи со трансфер-активностите сè додека не се ослободи од тројца играчи: Даглас Луис, Тимоти Веа и Душан Влаховиќ.

Српскиот напаѓач Влаховиќ веќе подолго време е во фокусот на Милан, но засега нема конкретни чекори за негов ангажман. И самиот играч не брза со одлуката, уверeн дека вистинската понуда допрва ќе пристигне. Проблемот е високата плата, 12 милиони евра годишно, што ниту еден од заинтересираните клубови не е подготвен да ја исплати.

Во меѓувреме, американскиот интернационалец Тимоти Веа е блиску до преселба во францускиот Марсеј. Олимпик веќе понудил 15 милиони евра, но Јувентус инсистира на минимум 20 милиони за да го пушти

Даглас Луис, пак, има желба повторно да игра во Премиер лигата. Иако турскиот Фенербахче покажа интерес, бразилскиот играч од средниот ред ја одби можноста за трансфер во Турција. Иако првично не се појави на подготовките, Луис во меѓувреме се приклучи на тимот. Се шпекулира дека Јувентус го понудил на Њукасл како дел од можна размена за Сандро Тонали.

Сè додека не се реши иднината на овие тројца играчи, „Старата дама“ останува во статус кво на трансфер пазарот.