Љубовна хернија под жешкото сонце

Знаев тука, баш тука на Медитеранот поштено да се заљубам и прописно да си ебам матер.

Да го славам моментот на случајното запознавање и три дена однапред ” висински” да се припремам за најавеното одење.

Една , еднаш. Физички предоминантна девојка, чии облини ги блокираа крузерите и го успоруваат и така бавниот залез на сонцето над Бока.

Имаше и другарка со неа, да не грешам исто добра силуета, ама оваа ме повлече иако преку другарка и влегов во посакуваното друштво.

Почнавме со писатели, Пекич, Миљковиќ, Црњански, Киш. Ломотев и што треба и не треба а објективно за нив малку знаев, претежно социјални и општествени референци.

Не ме приметија.

Вера влезе во сетот, другарката само не штимаше, бочно и одговорно.

Лежеше на лежалка, дводелни купачи, стилизирана во бела, супериритативна боја.

100 пати се преврте на истата, додека ги тражевме сижеата во книжевните дисидентски описи.

Она стварно мислеше дека ја слушам. А јас, јас како коза само блеев во двата дела што ги покриваа трите содржини.

Само не четвртата- нејзината душа, таму веќе беше се отворено, иако беше рано за исход. Во еден период очите ми беа мат, прави халогенки.

Имав концентрација таман толку колку да го блокирам нејзиниот мозок ако одеднаш, случајно стане да оди, со изговор ја заборавила пеглата дома.

Тоа опасно врело лето, низ мојата кичма газеше суровата команда на дискус хернијата а јас веројатно пробав низ ужасно нијансиран дијалог да ја освојам женската физика која прв пат автентично, со сите непознати и константи, како проблем лежеше пред мене, насукана и насликана на лежалка под сонцето кое полека бегаше накај Дубровник.

Пред мене гледав се што може едно женско мени да понуди.

Веќе за исход не мислев. Моментот го надмина стравот и ден денес чувствувам дека во тој историски пресек победив.

Дали да пишувам повеќе???

За неа!!

 

Пишува: Митко Василевски