​Љупчо Пренџов: Надзорот во АНБ е за да се види кој бил „таргет“ од опозицијата

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Љупчо Пренџов, избегна да даде конкретен одговор на новинарските прашања за декласификација на документите на Агенцијата за национална безбедност (АНБ), но истакна дека целта на надзорот е да се утврди што точно се случувало во агенцијата.

​Според Пренџов, важно е да се види кој и колку бил „таргет“ и кои мерки биле користени против ВМРО-ДПМНЕ додека била во опозиција.

​„Да видиме што е испратено до Обвинителството на Република Македонија и конечно овие институции да ги решат овие работи за повеќе никогаш да не ни се случуваат во рамки на македонското општество“, рече Пренџов.

​На прашањето зошто Комисијата не побарала надворешни експерти за увидот, тој појасни дека во Собранието постои и друга Комисија за надзор на комуникациите, која, доколку е потребно, може да се вклучи во процесот.

​„Надзорот на никого не му штети, надзорот е добар, тоа е здраво за демократијата, бидејќи секој од нас кој е јавна личност… е должен да биде транспарентен и да работи согласно законот“, заклучи пратеникот.