Според информации на „Њујорк тајмс“, Тајлер Робинсон, осомничениот за убиството на конзервативниот активист Чарли Кирк, испраќал иронични пораки на платформата „Дискорд“ по атентатот. Робинсон се шегувал со пријателите дека тој е всушност Кирк, кој ја лажирал својата смрт.
Еден ден по убиството, пријател во групниот чет му испратил фотографии од ФБИ со осомничениот. За помалку од една минута, Робинсон одговорил дека „двојникот“ сака да го вовлече во неволја. Во следните часови, тој продолжил со иронични пораки, шегувајќи се за наградата од 100.000 долари, за „криење на манифестот и пушката“ и дека е „вистинскиот Кирк кој сакал да избега од политиката“.
Интересно е што Робинсон во четот коментирал и за пораки на куршумите за „трансродна идеологија“, информација која во тој момент не била јавно потврдена. Подоцна се открило дека на чаурите имало антиидеолошки пораки, стихови од песната „Бела чао“ и мемиња.
Пораките ги споделил поранешен соученик на Робинсон, кој побарал анонимност.
Робинсон бил уапсен 34 часа по атентатот, откако неговиот татко и семеен пастор го убедиле да се предаде. Според полицијата, тој се качил на покрив на 120 метри од местото на дебатата на Кирк и испукал еден куршум.