Скопското Обвинителство донесе наредба за спроведување истражна постапка против 28-годишна жена осомничена за обид за убиство. Пред два дена, во скопската населба Ѓорче Петров, таа се обидела да ја убие бабата на својот сопруг.
Според информациите од Обвинителството, осомничената влегла во собата каде што бабата (родена 1938 година) одмарала. Откако ја заклучила вратата, седнала врз неа и се обидела да ја задуши со перница. Воедно, ја удирала и со тупаници по главата.
Обидот престанал кога осомничената помислила дека бабата е мртва, по што му кажала на својот сопруг. Тој веднаш повикал полиција, а бабата била пренесена во болница со нагмечувања на главата и вилицата, како и хематоми.
За осомничената, до судот е доставен предлог за одредување мерка притвор.