Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска се состана со холивудската ѕвезда Џеки Чен, кој е именуван за нов бренд амбасадор на ЕКСПО 2027.
Вучиќ нагласи дека е голема привилегија што светски позната филмска ѕвезда, која е еден од најзначајните културни претставници, ќе го промовира ЕКСПО во Србија со својата харизма.
Во објава на Инстаграм, Вучиќ изрази уверување дека Џеки Чен ќе даде значаен придонес во претставувањето на настанот, кој ќе ја стави Србија во центарот на глобалните случувања и ќе го приближи духот на заедништвото што ЕКСПО го негува.
„Белград одамна стана нов дом за многу светски ѕвезди, а овој пат имаме посебно задоволство да бидеме домаќини на познатиот Џеки Чен, човек чија кинематографска уметност продолжува да ги инспирира сите генерации“, додаде претседателот Вучиќ.