Популарниот американски водител Џими Кимел утре се враќа со своето ноќно шоу, откако продукцијата беше привремено стопирана поради неговите контроверзни коментари за убиството на Чарли Кирк.
Од компанијата „Дизни“, која е сопственик на телевизијата „Еј-би-си“ каде што се емитува емисијата, соопштија дека ја суспендирале емисијата за да избегнат „дополнителни тензии во чувствителен момент за земјата“. По разговорите со Кимел, тие одлучиле да продолжат со снимањето.
На 14 септември, Кимел, познат по критиките кон Доналд Трамп, изјави дека осомничениот напаѓач, Тајлер Робинсон, бил поддржувач на поранешниот претседател. Тој саркастично ја коментираше и реакцијата на Трамп по убиството на Кирк, споредувајќи ја неговата тага со тагата на „четиригодишно дете за златна рипка“.