Ѓорче Петров добива нова сообраќајна артерија! Кандидатот за градоначалник на Општина Ѓорче Петров од СДСМ, Костадин Ацевски, и носителот на советничката листа, Дејан Трајковски – Џонсон, преку видео-објава на Offroad возење, го претставија својот план за подобрување на инфраструктурата во општината.
Најавеното сообраќајно решение предвидува поврзување на селата Волково, Кисела Јабука и Ново Село со населбата Даме Груев.
Трајковски истакна дека ваквото решение е неопходно за овој дел од општината. Ацевски додаде дека ќе се работи и на други проекти со цел да се подобри квалитетот на животот на жителите на Ѓорче Петров.