Фудбалската асоцијација на Англија (ФА) и навивачите заеднички одлучија дека Џуд Белингам е најдобриот англиски фудбалер за сезоната 2024/2025.
Белингам ја освои наградата пред силната конкуренција, во која веднаш зад него беа Деклан Рајс и Хари Кејн.
Белингам одигра осум натпревари за националниот тим на Англија во текот на сезоната. Неговиот придонес беше клучен, а репрезентацијата избори промоција во А дивизијата на Лигата на нации. Тој, исто така, учествуваше и во квалификациските натпревари за Светското првенство.
Интересно е што Белингам е вториот играч во историјата на наградата кој ја освоил, а не настапува во Премиер лигата. Претходно, тоа му успеа на Овен Харгривс во 2006 година, кога играше за Баерн Минхен.
Меѓу претходните добитници на оваа престижна награда се наоѓаат:
- Френк Лампард (2004, 2005)
- Вејн Руни (2008, 2009, 2014, 2015)
- Стивен Џерард (2007, 2012)
- Хари Кејн (2017, 2018)
- Букајо Сака (2022, 2023)
- Кол Палмер (2024)