1 СЛИКА, 1000 ЗБОРОВИ, ФИКЦИЈА НАСПРОТИ РЕАЛНОСТ !

Просечната плата во Македонија е на дното од платите во регионот, минималната плата го пробуши и дното, а од друга страна Гувернер на Народна банка задолжен за монетарната политика се меша во владината политика и коментира за минималната плата.

Една минимална плата според податоците од Синдикалната минимална кошница не го покрива само делот на потребите на едно четиричлено семејно домаќинство само за храна и пијалоци, а 3 (три) минимални плати во Македонија едвај ја покриваат вредноста на Синдикалната минимална кошница која за потсетување не покажува со колку може да се преживее, туку покажува дека не се живее ни со толку!

34 % од населението кое ја напуштило Македонија, а од кои најголем дел квалификувани работници, не заминало затоа што имало добра куповна моќ, туку затоа што не можело да си дозволат и да ги купи и најосновните прехранбени продукти!

Произлегува дека 34% од населението отишло да пазари во 10 држави на Европската унија од кои имаме подобра куповна моќ , или веројатно сите ние треба да си купиме розови наочари !

За изјавите дека работниците треба да работат две или три работи за да преживеат, за пералната за коли и за ценовниот шок и алчните трговци, ќе кажам само дека Гувернер не смее да поттикнува сива економија, непријавена работа и непочитување на законите !

 

Пишува: Слободан Трендафилов