15 државни фирми со загуба од 16 милиони евра за три месеци

Петнаесет од вкупно 29 државни претпријатија, јавни претпријатија и акционерски друштва во државна сопственост прикажале вкупна загуба од 16 милиони евра во првите три месеци од годинава, покажуваат податоците од Министерството за финансии. Ова значи дека повеќе од половина од анализираните државни компании работат со негативен биланс.

​Најголеми загуби забележале:

  • ​АД „Електрани на Северна Македонија“ со 45,2 милиони евра
  • ​ЈП „Национални шуми“ со 2,5 милиони евра
  • ​ЈП „Железница – инфраструктура“ со 2,2 милиони евра
  • ​АД „Пошта на Северна Македонија“ со речиси 1 милион евра
  • ​АД „М-НАВ“ со 900.000 евра

​Од друга страна, 14 државни компании оствариле позитивен финансиски резултат. Најголема добивка прикажале:

  • ​ЈП за државни патишта – Скопје со 31,1 милион евра
  • ​АД МЕПСО со 7,2 милиони евра
  • ​АД „Државна лотарија на Северна Македонија“ со 2,1 милион евра