20.000 пати вистина, 20.000 пати храброст!

Со голема чест и искрена благодарност, сакаме да ве информирам дека Фејсбук страницата на интернет порталот „Револуционер“ достигна 20.000 следбеници. Оваа бројка не е само симбол на успех, туку и потврда за огромната доверба што ја имате во нашата работа.

​Во име на целиот уреднички тим, ви изразуваме неизмерна благодарност за вашата поддршка. Секој еден „лајк“, „споделување“ и коментар ни дава дополнителна сила и мотивација да продолжиме понатаму. Вие сте нашиот компас и нашата најголема инспирација.

​Ние во „Револуционер“ се водиме од едно основно правило: да работиме во интерес на вистината. Нема да се повлечеме пред ниту еден предизвик, ниту ќе дозволиме да нè замолчат. Ќе продолжиме да истражуваме, да разоткриваме и да објавуваме теми кои се од јавен интерес, без никакви компромиси.

​Ветувам дека ќе продолжиме со истото темпо, а доколку е потребно и побрзо. Овој успех ни дава обврска да бидеме уште похрабри, уште поистрајни и уште поотворени во нашето новинарско работење.

​Ви благодариме што сте со нас на ова револуционерно патување. Заедно, продолжуваме понатаму!