Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во последните 24 часа, до 8 часот утринава, низ територијата на државата се евидентирани дури 33 пожари на отворено. Од нив, седум се сè уште активни, седум се ставени под контрола, а 19 се изгаснати.
Активните пожари беснеат во:
- Василево, Радовиш и Берово – село Нивичино и Малешевските Планини (гори смрека, грмушки и ниска вегетација),
- Прилеп – село Бешиште, со ширење кон с. Градешница,
- Македонски Брод – село Црешнево,
- Штип – села Драгоево и Селце,
- Кочани – село Нивичани,
- Карбинци – село Јунузлија,
- Зелениково – село Гумалево.
Седум пожари се ставени под контрола, главно во Македонски Брод, Прилеп, Ресен и Желино, а горела мешана шума, грмушки, трева и нискостеблеста вегетација.
ЦУК известува дека 19 пожари се веќе изгаснати, но апелира на внимателност, особено во претстојните топли денови кога ризикот од пожари е исклучително висок.
Одговорноста е заедничка – не фрлајте отпушоци, не палат огнови и пријавете го секој сомнителен чад.