Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, преку соопштение го појасни управувањето со ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје (КХС), со цел да се амнестира од шпекулациите за состојбата со ѓубрето. Таа директно ја обвини ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата ВЛЕН, кои имаат мнозинство во Советот, дека се одговорни за хаосот поради блокирање на одлуки и управување со претпријатието преку свои кадри.

Соопштението од Град Скопје ги наведува следниве точки со кои се прецизира одговорноста:
Надлежност: Советот на Град Скопје (во кој мнозинство имаат ВМРО/ВЛЕН) е надлежен за основање на КХС и за донесување одлуки и согласности.
Управен одбор: Управниот одбор, кој управува со КХС веќе четири години, е составен од членови на ВМРО/ВЛЕН и е избран од Советот (ВМРО/ВЛЕН).
Криминално досие: Претседателката на Управниот одбор на КХС е кадар на ВМРО, осудена криминалка за две кривични дела, која е „наградена“ со советничко место од ВМРО во општина Бутел.
Блокади: Одлуките за Оперативен план за работа и за вработување во КХС ги носи Советот на Град Скопје (ВМРО/ВЛЕН), но голем број одлуки намерно не биле изгласани за да се предизвика хаос.
Блокирани директори: Функционирањето на секој директор е базирано на одлуките (позитивни или негативни) донесени од Управниот одбор на ВМРО/ВЛЕН.
Од Град Скопје нагласуваат дека Советот (ВМРО/ВЛЕН) ниту еднаш не презел мерки да обезбеди услови за непречено работење на КХС, ниту пак да го разреши Управниот или Надзорниот одбор, како што налага Законот.
„По логиката на ВМРО и нивните послушници, утре би требало со полиција да упаднат во НБРМ и да има покренување на кривична постапка за Трајко Славевски за непреземање ниту една мерка по Закон“, додаваат од Град Скопје.
На крајот, со порака до граѓаните, се вели дека ако некому сѐ уште не му е јасно кој е одговорен за ѓубрето, тоа е или затоа што така му било кажано во штаб за да се одбранат, или едноставно ужива да го лажат корумпираните политички елити.