75% од жените во САД убиени по напуштање на насилниот партнер – отвори ги очите, насилниците не се само сељаци

Во САД, 75% од жените кои се обиделе да го напуштат насилниот партнер биле убиени – откако го напуштиле. Само 25% успеале да го преживеат насилството по напуштањето.

Следен пат, кога другарка ви, сестра ви, колешката, братучетката, ќерката, сосетката, внуката.. ќе ви сподели било што “чудничко” за дечкото или мажот, сфатете го озбилно и помогнете и’.

Не се филмајте дека ‘кул ликчето’, ‘добродушниот дечкич’ што се’ прави за неа, ама кобајаги, читај: САМО ПРЕД ВАС/само во јавност, е принцот на бел коњ.

Отворете ги очите и излезете од филмот. Почнете да ги гледате луѓето околу вас, онакви какви се. Насилници, не се само неписмени сељаци. Туку се и вашите кул пријателчиња, братчиња, синчиња, со тетоважи по ножињата и рачињата, со скапички наочарчиња, брендирани папучиња и чорапчиња. Насилници се и паметните и славните и од сите обожаваните. Како што и жртвите, не се невработени, женички по селана и… сите стереотипи во кои си живеете. Убаво некој пиша, не е проблемот само во институциите, туку и во самите нас, во тоа какво општество стануваме/сме.

 

 

Пишува: Стојне Тодоровска