Да. Остануваме на ставот, тоа е и одлука на Извршниот одбор на партијата, нема да ги поддржиме и нема да гласаме за интерпелациите што се поднесени од ДУИ, одговори на новинарско прашање, Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.
Не се потребни нови поделби по етничка основа, за поднесување на интерпелација потребно е да се видат критериумите и секако сите оние аргументи коишто се поврзани со лошото работење на некој министер за да може да бидат тие поднесени и да бидат поддржани а не по етничка линија. Пратеничката група на координација ќе ги усогласи настапот на седницата.