Зиадин Села е претседател на Алијанса за Албанците!

Основниот суд во Тетово донесе одлука со која Зиадин Села е именуван за  претседател на Алијансата за Албанците.

„Во судскиот регистар на политички партии под број РПП.бр.1/24, кој се води пред Основниот суд во Тетово, е регистрирана промена на претседателот. Од сега натаму, за претседател на партијата е назначен Зијадин Села, со адреса ул. Ливада бр. 1 во Струга, наместо до сегашниот претседател Арбен Таравари, кој е со адреса ул. Борче Јованоски бр. 66 во Гостивар“, стои во одлуката.

Според одлуката на судот, сите овластувања и печати на партијата ќе бидат пренесени на Зиадин Села.