Предизборно “мачкање на очи”

Ни пристигна порака од загрижени граѓани од улицата Алексо Демниевски, кои алармираат дека реконструкцијата на улицата се изведува неквалитетно!

Според нив, асфалтот се гребе само 2-3 сантиметри, што отвора сомнеж дека новиот слој ќе биде поставен со дебелина од само 3 сантиметри, наместо потребните 6. Ова значи дека улицата за кратко време повторно ќе се распука, а граѓаните повторно ќе се соочат со дупки и оштетувања.

Градоначалник Александар Стојкоски, граѓаните на Ѓорче Петров не се наивни и не можат да им се замачкаат очите пред избори! Тие ги плаќаат своите даноци, од кои вие примате 2000 евра плата, и заслужуваат квалитетна реконструкција, а не привремени, евтини решенија кои ќе траат до првиот дожд.

“Граѓаните бараат одговорност и вистинска инфраструктурна заштита на нивните улици – не само предизборни маркетиншки трикови!”  реагираат од Наше Ѓорче.