Меџити откри: Ми нудеа да го растурам ВЛЕН за враќање во ДУИ, Ахмети се подготвува за пензија

Првиот вицепремиер Изет Меџити, гостувајќи во емисијата „Топ тема“, изјави дека прв добил понуда да ја напушти коалицијата ВЛЕН и да се врати во ДУИ. Според него, посредници му понудиле да се врати во партијата, уверувајќи го дека Артан веќе нема влијание, ДУИ ќе се „прочисти“, Ахмети ќе се повлече, а тој ќе помогне во преземањето и реформирањето на партијата.

– Имаше обиди за поделба на ВЛЕН. Јас ја добив првата понуда преку посредници: ми рекоа да се вратам во ДУИ, дека Ахмети ќе се пензионира, а партијата ќе се реформира. Но, не прифатив. Избрав да бидам дел од промените со ВЛЕН – рече Меџити.

Тој додаде дека Арбен Таравари прифатил некаква понуда и порача дека треба отворено да соопшти пред јавноста за што точно се договорил.