По последните случувања околу претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Татјана Димитровска, од Кабинетот на претседателот на Собранието попладнево соопштија дека претседателот се воздржува од коментари поради почитување на презумпцијата на невиност.
„Почитувајќи го начелото на презумпција на невиност и независноста на судските органи, претседателот на Собранието се воздржува од какви било прерани коментари. Приоритет е надлежните институции да ја завршат својата работа без притисоци и влијанија. Доколку судски се потврдат наводите, претседателот без двоумење ќе иницира соодветна собраниска постапка за разрешување“, се наведува во соопштението.
Од Кабинетот потенцираат дека зачувувањето на кредибилитетот и интегритетот на институциите е врвен приоритет и обврска која не смее да биде предмет на компромис.