Жена загина, а обезбедувач е тешко повреден во напад со секира на универзитет во Варшава, информираа полските власти. Инцидентот се случил вчера околу 18:40 часот по локално време, кога млад човек вооружен со секира нападнал луѓе на кампусот.
Според портпаролот на окружното обвинителство, административен службеник на универзитетот починал на самото место, додека обезбедувачот бил префрлен во болница во критична состојба.
Полицијата во Варшава потврди дека уапсила 22-годишен Полјак, за кој е утврдено дека е студент.
Ректорот на универзитетот најави дека четврток ќе биде ден на жалост во институцијата, опишувајќи го нападот како „огромна трагедија“. Во соопштението, тој изрази длабоко сочувство до семејството и блиските на жртвата.