Оклахома Сити Тандер го совлада Денвер Нагетс со неверојатни 149:106 во вториот натпревар од полуфиналето на Западната конференција.
Денвер успеа да го украде првиот натпревар во Оклахома, но Тандер на спектакуларен начин се одмаздија во вториот меч, покажувајќи зошто се меѓу најдобрите тимови во лигата.
Оклахома одигра историско полувреме, постигнувајќи 87 поени за само 24 минути. На крајот од третата четвртина, резултатот беше 124, а предноста речиси 50 поени. Завршницата донесе разлика од 43 поени, иако таа лесно можеше да биде и поголема. Со вкупно 149 поени, Тандер поставија нов рекорд на франшизата.
Во овој доминантен триумф, главниот кандидат за МВП, Шеј Гилџис-Александар, блескаше со 34 поени, 8 асистенции и одлична реализација од 11/13 од поле, а Тандер имаа неверојатни +53 разлика додека тој беше на теренот. Џејлен Вилијамс додаде 17 поени, Холмгрен 15, а Хатерштајн 14.
На спротивната страна, Никола Јокиќ го одигра еден од најслабите натпревари во својата кариера. Забележа 17 поени, 8 скока и 6 асистенции, но Денвер имаше -36 разлика со него на теренот. Јокиќ го заврши мечот предвреме поради шест лични грешки во финишот на третиот период.
Од останатите играчи на Денвер, Расел Вестбрук постигна 19 поени, Џамал Мареј 14, а херојот на првиот натпревар, Арон Гордон, заврши со 10 поени.