На фан-страницата “Ѓорче Петров” на социјалната мрежа Фејсбук, која е позната по редовните објави за активности и “успеси” на градоначалникот Стојковски, вчера осамна објава која предизвика загриженост и бурни реакции кај јавноста.
Во објавата, недвосмислено беше изразен повик на насилство:
“Се молат родителите на нападнатото дете или некој што ги знае тепачот и снимачот да ги прати во инбокс со слика и адреса.
Па да видат тепање и снимање и тие копиљаци и нивните.
Давајте…”
Оваа објава не само што ги надминува етичките и моралните норми на комуникација, туку отвора и сериозни прашања за поттикнување на насилство преку социјалните мрежи. Промовирањето на ваков вид повици од страна на страница што секојдневно ја слави работата на локалната власт, создава слика на толерирање, ако не и поддршка, од страна на јавните функционери.
Министерот Тошковски, како надлежен за безбедноста и мирот во заедницата, има обврска јасно и гласно да се огради од вакви активности. Затоа, го прашуваме директно:
Дали министерот Тошковски ќе повика на згаснување на оваа фан-страница, која јавно промовира насилство?
Ќе се дистанцира ли од ваквиот говор на омраза или ќе премолчи со цел да се зачува поддршката за тековната кампања на владејачката партија?
Но, тука не застанува одговорноста. Фан-страницата “Ѓорче Петров” не е само обичен информативен канал – таа е директно поврзана со имиџот и активностите на градоначалникот Стојковски. Секојдневно се објавуваат информации за неговите проекти, отворања на објекти, средби со граѓани и позитивни пораки за неговата работа.
Затоа, сосема е легитимно да се запрашаме:
Дали градоначалникот Стојковски ќе се огради од објавата што повикува на насилство?
Ќе се преземат ли мерки за ваквото поттикнување на агресија да не се повтори, или партиската дисциплина е поважна од јавната безбедност?
Молчењето во вакви ситуации е еднакво на одобрување. Ако Тошковски и Стојковски не се оградат, тоа ќе биде јасен сигнал дека политичките поени и пропагандата се поважни од безбедноста на децата и граѓаните.
Ќе добиеме ли јасен и недвосмислен одговор, или повторно ќе бидеме сведоци на политичка игра со човечката безбедност?